Црвенковски: Вистинските поскапувања допрва не очекуваат

Од:

Вечерва повторно ќе видиме како на нивните медиуми, на Сител и Канал 5, ќе кажат дека „на митингот на СДСМ се собраа едвај 500 луѓе“. Па само толку разочарани вмровци има на плошатдот. Се лажат ли самите себеси, се храбрат себеси? Има зашто да се плашат си ги знаат своите гревови, а имаат и од кого да се плашат. Знаат дека народот не им се плаши повеќе и дека ќе треба да се соочат со народот. Вака се обрати на митингот во Кавадарци, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Црвенковски рече дека и самата власт признава дека една третина од населенито живее под прагот на сиромаштијата. Поскапувањата на лебот од 25 насто, на млекото 40 насто, на шеќерот 40 насто, се ништо според него, зашто вистинските поскапување на цените допрва не очекуват.

„За 4, 2 насто е намалена просечната плата . Македонија е земја на невратени кредити и на блокирани сметки, 140.000 сметки се блокирани“, рече Црвенковски.

Според него најважното прашање кое се поставува е каде се парите на овој народ?

„Груевски сам кажа дека не граделе автопати зашто граѓаните не ги користеле. Па што сме ние птици па летаме преку планини? Да не се инвестираше во нови енергетски објекти кои никаде ги нема? Ја укинаа евтината тарифа, а со образложение дека е висока цена на увезената струја. А зошто увезуваме струја? Македонија ги покриваше сите свои потреби а сега секоја година се повеќе увезуваме по се поголема цена. Е затоа сега вашите сметки ќе бидат изгор во септември“, рече лидерот на СДСМ.

Тој кажа дека ситуацијата во сите области е катастрофална, се е уназадено и нејасно е за што се потрошени милијарди.

„Дали имаме подобро здравство, подобри лекови? Па Македонија има најголема смртност на новороденчиња, денес луѓе умираат зашто немаат пари операција да платат, немаат пари лек да купат. Имаме министер за здрватство „девојка за се“. Се знае, само за здравството ништо не знае, здравството пропаѓа луѓето со живот плаќаат“, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Го поздравуваме непотпишувањето на указот за Законот за заштита на децата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка, но сликите не лажат

(ВИДЕО) Бочварски: Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Тандемот СДС и ДУИ ги наполни институциите со партиски кадри

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ правеа матни тендери во четири очи, го испокрадоа Буџетот

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите