Црвенковски: Состојбите во Источна Македонија се катастрофални

Од:

„Денеска тешко се живее во цела Македонија. Состојбите се навистина катастрофални. Меѓутоа, во источна Македонија мислам дека се живее најтешко од било кога и од било каде. Невработеноста е тука најголема, сиромаштијата е најголема, инвестиции нема, нови работни места нема, перспектива за младите нема, тие се иселуваат, ги напуштаат своите родни градови и краишта, наталитетот опаѓа. Со еден збор, Источна Македонија се празни“, изјави Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

Првата работа, рече, која што е предвидена во нивната програма е изградба на модерни патишта со кои што Велес ќе се поврзе прво со Штип, а преку Велес, Штип и со Скопје. Вети и изградба на нов модерен пат Штип– Радовиш- Струмица и обнова и реконструкција на патиштата.

За кандидатот за градоначалник во општина Штип, Здравко Коцев, рече дека е човек со резултати во својот живот, човек кој што е познат како спортист, со борбен дух, упорен, истраен, решителен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски