Црвенковски: Сончогледи и полутани не ни требаат

Од:

Ништо не може да не спречи, ни тропските горештини, ни нивните закани. На овие од власта ништо не им е јасно, тие се уплашени. Се чудат дека се полни плоштадите. Исто работат, ред лаги и реклами, ред казни и инспекци, ред фонтани и споменици. И наместо задоволство и аплаузи, има незадоволство. Не можат да сфатат дека нивното заврши. Македонија се крева, рече вечерва на митингот во Крива Паланка, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Доста веќе ги трпевме, рече, ова е наша земја и наши животи и ние заслужуваме подобро, ние ќе се бориме и ќе победиме за подобро.

„Ако ги добиеме локалните избори, тие се готови. Народот ќе си ја врати државата во свои раце. Влогот е голем, или тие ,или ние. Нема место за калкулации, за седење на две столчиња. Сончогледи и полутани не ни требаат“, порача лидерот на СДСМ.

„Македонија е држава со огромни проблеми, ние сме земја на сиромаштија и мизерија, земја преплавена од судски извршители, тешко им е на бизнисмените, а уште повеќе на работниците, нездоволни се лекарите, а понесреќни пациентите. Македонија е земја на криминал, министерства-пералници на пари, пари се собираат за да можат пастирот и фамилијата да си ги лечат фрустрациите.

– Критичките медиуми ги затвора. Власта не смета за неуки и наивни. Мисли дека може бескрајно да не лаже а ние да веруваме. Поголема сиромаштија и побезобразно трошење пари никогаш немало, 350 милиони евра фрлија за камења и мермер. Жално е, срам е, грев е. Нема пари за лекови и леб, а тие потрошија милиони евра за кич и невкус. 6 години имаме елементарна непогода“, рече Црвенковски.

И наместо по вакви порази да ја преземе одговорноста , Груевски, рече лидерот на СДСМ, вината ја бара кај други. Продолжува да сее омраза. Повика, ајде конечно да се преброиме, која Македонија ќе победи, да одлучиме меѓу криминалот на една фамилија или иднината на 500.000 семејства.

„Народот нека одлучи дали сака да живее во античка или во европска земја, во земјата на Хунзите и од Паљурци или во европска Македонија. Време е , доаѓа тој историски момент, ајде сите да бидеме дел од таа храбра одлука. Ова нема да биде битка за власт, туку за иднината на Македонија.

– Не ве повикуваме за нас, туку за вашето добро да гласате. Време е за нов почеток, за наша народна македонска победа“, рече вечерва на митингот во Крива Паланка, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

 

Би можело да ве интересира

Кузеска: Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност

СДСМ бара Гаши да постапи со Законот за бранителите исто како со Законот за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ тврди дека нема намалување на цените

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

СДСМ: Снопче, Мицкоски и Таравари да сработат нешто, не да се расправаат

ВМРО – ДПМНЕ: Безобразно е СДС да бара покачување на платите на наставниците