А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Црвенковски: Сакаат Борба? Ќе добијат! И громови и метеори да паѓаат, ќе издржиме!

by А1он23/12/2012 - 22:5223/12/2012 - 23:231293
Share0

„И громови и метеори да паѓаат, ќе издржиме. Не заминуваме од овде“, им порача на граѓаните лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Добивај вести на вибер

Државата рече, оди во погрешен правец, стопанството пропаѓа, бројот на вработени се намалува а расте сиромаштијата. Имаме рече рекордна невработеност.

„Власта стана наркомански зависна од странски кредити. Вчера само на домашниот пазар не задолжија со нови 100 милиони евра. Народот нема леб да јаде а Груевски своите фрустрации ги лечи. Си играат и глумат лажни патриоти, го скараа народот, а сложно со ДУИ делат тендери. Македонија е земја со политички затвореници. Го згазија судството, ги понижија новинарите. Веќе нема Стопански комори. Долгот со нов долг го враќаат“, рече Црвенковски.

Излеговме , рече со план за штедење, сакаме да не се задолжи народот со нови 250 милиони евра. Во ова време, нагласи лидерот на СДСМ не мора да се троши за автомобили и мебел, за владини реклами и патувања за споменици и фонтани. И Владата треба да штеди.

„Две недели водат агресивна кампања, со сила вадат луѓе на улица. Ние сме единствена земја каде Владата протестира против опозицијата. Јас се гордеам со нашите пратеници. Кога се разделивме по седницата на Централниот одбор им реков: Вие влегувате во Парламентот и не знам кога ќе се видиме, но знам дека тоа ќе биде како победници“, рече Црвенковски.

Нагласи дека Груевски сака да изврши убиство над Храмот на демократијата, но тоа нема да го дозволат.

„Ако ова го дозволиме, ќе биде крај, мораме да ставиме рампа. Од вечерва и Парламентот и улиците си ги враќаме назад. Утре ќе не видат колку сме. Почнуваме утре од 8 и пол часот наутро се до победата. Доаѓа време да видиме од каков материјал сме. Ќе видат како се кали челикот. Сакаат борба, и ќе добијат“, порача пред Собранието, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

Горан Наумовски14/01/2026 - 18:27

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

Горан Наумовски14/01/2026 - 18:05

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Горан Наумовски14/01/2026 - 15:12

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 11:37

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он13/01/2026 - 17:5313/01/2026 - 17:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен