Црвенковски: Ресен мора да му се врати на СДСМ

Од:

Гласањето за одбегнатиот од СДСМ, ќе биде вистинска катастрофа. Тој што не напушти нас, ќе го напушти и народот. Ресен мора да му се врати на СДСМ, порача претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на митингот во Ресен.

Тој посочи и на определбата на партијата за одржување на предвремени парламентарни избори.

Македонија е предолго заложник на една гарнитура, една фамилија, која ги злоупотреби сите ресурси на државата за да опстои. Граѓаните се соочени со режим за кој не важат никакакви правила. Притоа неконтролирано задолжувајќи ги сегашните и идните генерации за потребите на сопственото владеење. Овие избори, не претставуваат само избор на локална власт, на 24 март гласаш еднаш, но одлучуваш двапати, рече Црвенковски.

И покрај тоа што велат дека немаме програма, рече тој, програмата на нашиот кандидат е содржајна и богата.

Од неа ќе произлезат нови работни места и разубавување на Преспа. Тоа ќе значи задржување на младата популација цо овој регион, а не како досега што го напушташе. Со наша помош градоначалникот ќе ги исполни сите програмски ветувања, а посебни вложувања ќе бидат во овоштарството и туризмот, од што Преспа некогаш живееше, рече лидерот Црвенковски.

Пред присутните се обрати и кандидатот за градоначалник на коалицијата „Сојуз за иднината“ Јордан Проевски. Тој посочи оти требало да поминат четири изгубени години за народот во Преспа да сфати дека ВМРО-ДПМНЕ е, вели, погубно за нашата општина.

Четири залудни години фрлени во ветар. Меѓутоа, добро е што Вие го сфативте ова. Вашиот глас ќе ја казни локалната власт. Во следните четири години ќе и го вратам сјајот на Преспа, вети Проевски.

На митингот беа претставени кандидатите за советници на коалицијата Сојуз за иднината за општина Ресен, а на присутните симпатизери и граѓани им се обрати и носителот на листата на советници Методија Карапалевски. Свои обраќања имаа и претставници на коалициските партнери.

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение