Црвенковски пред Вестервеле ја повтори подготвеноста за политички дијалог

Од:

Ургентноста на ситуацијата со која во моментот се соочува Македонија биле причина за посетата на министерот за надворешни работи на Германија, Гидо Вестервеле на Македонија, истакнал германскиот шеф за надворешни работи на попладневата средба со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Вестервеле се интересирал за ставовите на опозицијата, како и за евентуалното постоење на можност за излегување од настанатата криза. Меѓу другото, тој ја изразил и својата огромна загриженост за внатрешните конфронтации во земјата и посакал што поскорешно нејзино разрешување со цел напредок на земјата како на внатрешен така и на меѓународен план.

Црвенковски го запознал министерот Вестервеле со ставовите на опозицијата и изразил подготвеност за политички дијалог кој би довел до политички договор меѓу власта и опозицијата и со тоа излез од кризата.

Двајцата соговорници се согласиле околу тоа дека клучно за иднината на Република Македонија е нејзината интеграција во Европската унија и во НАТО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски