Црвенковски: Почеток на преговорите ќе ги придвижи реформите

Од:
Претседателот на опозицискиот СДСМ,   Бранко Црвенковски, денеска оствари работна средба со високите претставници на Европската комисија, евроамбасадорот Аиво Орав, генералниот директор на Генералниот директорат за проширување на ЕК, Стефан Санино и шефот на Одделот за Македонија во Директоратот, Дејвид Кален.
 Евроамбасадорот Орав му го предаде на претседателот Црвенковски годишниот Извештај на Европската комисија за Република Македонија, соопшти СДСМ.

Црвенковски истакнал дека е позитивно тоа што во извештајот повторно има препорака за почеток на преговорите, но сепак останува клучно прашањето дали во декември оваа година Македонија ќе добие датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

Тој оценил, се вели во соопштението, дека добивањето датум, односно отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ, ќе ги придвижи реформските процеси во Македонија и ќе ја присили владата да се посвети вистински на приоритетите, што ќе биде исклучително позитивно за целата земја.

Високите претставници на Европската комисија, стои во соопштението од СДСМ, се согласиле со Црвенковски дека отпочнувањето на преговорите ќе влијае позитивно на реформите во Македонија. Во таа насока, претставниците на ЕК потенцирале дека Комисијата со извештајот креирала позитивна клима по што очекуваат работите да се придвижат и Владата да ги превземе неопходните чекори, согласно временската динамика, за зачленување на Македонија во ЕУ.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?