Црвенковски: Пендаровски е личност која може да ја обедини СДСМ

Од:

Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски во интервју за Дојче Велче изјави дека на партијата и е потребно „лидерство со голем кредибилитет и уште поголем обединувачки капацитет“.

„За оваа ситуација не сме решение ни јас, ни Заев“, вели тој и отворено го посочи Стево Пендаровски.

– Потребно е лидерство со голем кредибилитет и уште поголем обединувачки капацитет. Потребен е авторитет кој ги надминува рамките на партијата. И да бидам директен: за оваа ситуација не сме решение ни јас, ни Заев. Зошто не јас? Постојат повеќе причини, но ќе споменам само една, која е сосема доволна: ‘Бранко е крив’.

Oваа перцепција, без разлика колку е производ на смислена негативна кампања, а колку се должи на мои објективни грешки, не смее да биде дополнителен товар на партијата во овие тешки времиња.

Што се однесува до Заев, исклучително ја ценам неговата храброст и решителност во обелоденувањето на криминалните афери на власта. Тоа мора да се почитува. Но серијата погрешни проценки за клучни прашања, водењето на политика од денес до утре, продуцирањето на внатрешни поделби во партијата, за жал, не гарантираат успешно лидерство. Сметам дека за СДСМ е најдобро да се оди со сосема ново решение“ – вели Црвенковски.

Тој изјави дека во изминатата година намерно се повлекол од јавноста, бидејќи не сакал да пречи во реализацијата на новиот концепт на СДСМ. Според Црвенковски, одлуката за непризнавање на изборите и бојкот на Собранието е неспорна и целосно ја поддржува.

– Сепак, со таа одлука се прогласи и пораз на концептот на конструктивност промовиран лани од СДСМ и се случи враќање на позициите на кои се наоѓавме пред прекинувањето на отпорот. Такви радикални промени на стратегијата на дејствување не можат да поминат без тектонски потреси во која било партија. И тука не се работи за некаква мала група на незадоволници како што се пласира во јавноста, туку за посериозен проблем, со кој треба да се соочиме и да бараме решение, а не да го релативизираме со етикетирање и дискредитирање. СДСМ денес се наоѓа во сериозна криза, а без силен СДСМ нема ни силна опозиција, ни успешна борба против овој режим – изјави Црвенковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?