Црвенковски од Виница: Никола, не го лажи народот дека тој ќе одлучува за името!

Од:

Го слушам Никола и вчера и завчера како вели дека за името ќе одлучувал народот.

Никола, не се криј зад народот. Народот ќе одлучува за име за кое ти претходно си се согласил и кое со свој печат си го заверил.

Вака лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, во  салата во Виница им се обрати на насобраните граѓани на митингот на „Сојузот за иднината“.

– Нашиот народ може многу да издржи, но порано или подоцна чашата ќе се прелее. Благодарение на вашата верба, доверба и решителност, во Македонија предвремени парламентрни избори ќе има. Ја го исполнил ветувањето на меѓународната заедница дека ќе го реши името, ја не го исполнил и по којзнае кој пат ги излажал, за Груевски нема бегање од народната казна – истакна Црвенковски.

Тој на виничани им порача дека иако бојкотот прекина, отпорот продолжува и ги повика да не го чекаат септември, туку работата да ја завршат со гласање на 24 март за кандидатите на здружената опозиција.

– Ајде да им вратиме затоа што од Македонија направија земја во која човек се плаши по телефон да зборува. Ги затворија сите критички настроени медиуми, а МТВ, Сител и Канал 5 станаа пералници на човечки мозоци. На 24 март мора да им вратиме за сите лажни тендери и анекси, за сите рекети што од стопанството ги наплатија – повика првиот социјалдемократ.

Тој порача дека е време на оваа агонија да и се стави крај и истакна дека е време граѓаните да ја донесат најкрупната одлука.

– Ајде на 24. март заедно да покажеме дека единствената Македонија не е таа на Никола Груевски. Ајде сите заедно да покажеме дека има подобра, горда и слободарска Македонија, свртена кон иднината – порача лидерот на СДСМ.

Тој на митингот во Виница го претстави и кандидатот за градоначалник на здружената опозиција, Венцо Вуинов, истакнувајќи дека тој е човек за кој ги уверува неговите сограѓани дека ќе направи подобар град за живеење.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар