Црвенковски: Никола, сите се согласуваат дека твојот режим е зло

Од:

„Целата партиска машинерија, секој гаваз, секој медиумски полтрон е ставен во погон. И што е резултатот „дупла нула“, секој ден сме се повеќе. Доаѓа време за наплата на сметките, за голема народна казна, за сите лаги и понижувања, рече вечерва на митингот во Неготино, претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Неготино, рече Црвенковски, и покажа на Македонија дека народот е посилен од секоја малверзација. Горди сме, рече, што и СДСМ беше со вас во таа битка. Нема да се гради Железарница и Топлилница во Неготино и точка.

Ничии интереси и тајни пазари не се поважни од иднината на децата, но рече лидерот на СДСМ пред неготинчани, тие од своите намери не се откажани, малку се притаени, чекаат да минат изборите. Црвенковски вети дека Силвана Филипова и СДСМ се најсигурна гаранција дека Топлилница и Железарница нема да има.

За кандидатот Филипова рече дека е чесна, скромна и одговорна, доктор на науки, хуманист. Неготино, рече наликува на голем дом на кој му е потребно чистење и средување, а за тоа е потребна женска рака.

„6 години се соочуваме со елементарна непогода, наречена портокалова преродба. Спроведоа политички инженеринг за перење на мозокот. Живееме во судир со разумот, во време на лажни реформи и лажен патриотизам. А вистината е катастрофална. Ние сме земја на сиромаштија и невработеност, хипотеки и судски извршители, нема пари за операции и лекови. Царува криминал и корупција. Обичните криминалци не можат да дојдат на ред од власта . Власта е злосторничко здружение, во Македонија царува државен криминал.Македонија е голема пералница на пари. Се зедоа од такси здруженија до агенции за обезбедување. Имаме власт која сопствените фрустрации и комплекси ги лечи на грбот на својот народ. Секоја глупост го прогласува за патриотизам. Лекарите ги третира како криминалци, медиумите како сопствени слуги“ рече Бранко Црвенковски.

Во 21 век, укажа Македонија стана држава на политички затвореници, држава со злоупотебена црква, држава за потсмев, без компас за иднината.

„Ете тоа е Никола пастиру, лажен патриоту, резултат на твоето владеење. Градиш споменици, а цела Македонија ја направи жив споменик, но твојата најголема грешка е што го потценуваш својот народ. Никој не успеал целосно да го скрши. Тој се крева се испарава и си доаѓа по своето. Немој Никола да се чудиш на ова што ти се случува, не прашувај зошто Тито, Андов, Фијат, Љубчо, Стојанче, Љубе, биле со тебе Никола, биле твои партнери.

– Беа додека не ја водоа твојата политика.Сега кога се спротивствија ги прогласуваш з а предавници, за странски платеници. Нели, Никола, една од твоите најголеми желби е да се обеди народот, еве народот се обединува, сите се согласуваат дека твојот режим е зло.Секој што сака да ни се придружи е добредојден. Разликите ќе останат, но секој ќе се бори со свои аргументи, кога ќе станеме нормална држава.

– Немој Никола, значење да си придаваш дека твоето рушење е единствена цел, сакаме Македонија да ја видиме како земја со иднина, секој ќе има шанса пристојно да работи, слободно да се мисли и да се живее без страв, државата да биде сервис, а не страшило за народот.Вие сте пречка за нашиот пат кон Европа. За ваква Македнија ајде во оваа битка да бидеме сите заедно, да бидеме силни и решителни“, рече Бранко Црвенковски, вечерва на митингот во Неготино.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец

СДСМ: Владата нема ниту желба ниту знае како да ги регулира високите цени на производите

СДСМ: Тошковски и МВР конечно признаа вина кај Наим Рамука

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост