Црвенковски: Никој во историјата не го подели овој народ како пастирот

Од:

Воведоа диктатура, нивни најсилни оружја се лагата и стравот. Никој досега така безобразно не го лажел народот како оваа власт- Македонија била најуспешна економија во Европа, сите околу нас пропаѓале, ЕУ ќе пропаднела ама ние напредуваме, најбогатитот Мексиканец ке инвестирал во Македонија Кинез ќе инвестирал, најбогатиот индиец ќе инвестирал. Се изнагледавме камен темелници, после некое време и самите не можат да ги најдат. Најмногу иритира што мислат дека им веруваме, порача на митингот на опозицијата во Велес, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

На 24. март со својот глас можете да извојувате уште поголена победа, да му покажете на овој режим дека нивното време заврши, дека сакате парламентарни избори, важно е во каква држава живеете, ако генереланиот курс е погрешен нема локална власт што тоа може да го оправи. Сиромаштијата, скапотијата, скапото и растуреното здравство, корупцијата, газањето на демократијата, тоа е грдото, но вистинското лице на Македонија. Како резултат на нивните дела, или поточно нивните злодела, денес секое трето семејство се бори за корка леб, ова е земја на блокирани сметки, невратени кредити, на медиумски мрак, на државна мафија контролирана од фамилијата.

Никој не успеал во историјата да не подели како народ како што тоа го направи пастирот, никој не го уопотребувал така евтино поимот патриотизам, никој не ја фалсификувал историјата на народот како режимот на Груевски, рече Црвенковски.

Ве повикувам на 24. март заедно да направиме нешто со што ќе се гордееме, на 24. март заедно да победиме за наша Македонија.

Би можело да ве интересира

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД