Црвенковски: Не се тие толку силни и храбри души

Од:

Државата оди во провалија, овој хаос и лудило скапо ќе не чини и мора да го запреме. Ова е наш проблем и сами треба да го решиме, сите треба да дадеме свој придонес. За осум месеци не чекаат локални избори ете ја шансата за сите нас. Вака лидерот на СДСМ вечерва на митингот во Богданци ја опиша ситуацијата во Македонија и најави дека е подготвен за конечната битка со власта.

„Овие денови од ВМРО-ДПМНЕ ни порачувата дека ова ќе биде конечната битка. Ние сме подготвени за таа битка“, рече Цвренковски.

Црвенковски порача дека од народот зависи каков живот ќе има.

„Јас знам дека има несреќни луѓе ама од страв молчат. Се плашат ако се во администација да не ги избркаат. Ако се земјоделци, ќе им ги укинат субвенциите. Бизнисмените се плашат дека ќе им ги затворат фирмите.

Ве гледам и ве прашувам до кога вака, па живот ли е ако во страв се живее? Па од кого да се плашиме, од луѓе фалсификатори на македонската исотрија? Зарем ќе дозволиме заради криминалот на фамилијата да страдаат 500.000 семејства. Зарем ќе дозволиме да ни ја киднапираат државата?

Верувајте не се тие толку силни и храбри души, тие само се кријат зад полицијата, зад инспектори, тие се само храбри пред своите новинари и телевизии.

Не е проблемот кај нив, кај нас е, ние треба да се кренеме да се одважиме, нема повеке време да тапкање и калкулирање. Дојде време да си ја одработиме иднината и среќата. Си ја сакаме државата назад, доста беше, време е за битка, за победа“, рече Црвенковски на митингот во Богданци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“