(ВИДЕО) Црвенковски: Не е поразен СДСМ, туку народот и цела наша земја

Од:

Во Македонија со ваков режим на власт, човек да го даде гласот за опозицијата треба да е храбар да ги преземе сите ризици. Македонија не е ниту слободна, ниту демократска, ниту правна држава. Ви трвдам дека нема слободна држава во која има ваква злоупотреба на државните институции. Тврдам дека нема демократска држава каде на ваков безобразен начин можат да се трошат парите на граѓаните, каде што има узурпација на медиумскиот простор како овде. Во таква држава не може да има нормални избори, рече лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во вечерашното обраќање.

-Се применија сите познати и непознати тактики, на овие избори дури се увезуваа и граѓани од други краеви на земјава но и од други земји од соседството. За нас овие локални избори не беа демократски и фер, и за нас се сосема нелигитимни. Сакам да упатам една порака до сите граѓани на Република Македонија без разлика дали гласале или не и без разлика за кого гласале. Работиве во нашава земја нема да излезат на арно, за жал не е далеку денот кога ќе треба да се плати огромна цена за овие погрешни политики, а цената ќе ја платиме сите. И за тоа сите што мислат дека на овие избори СДСМ беа поразени, сакам да им кажам дека грдно се лажат, на овие избори губи нашиот народ и целата наша земја, рече Црвенковски.

-Ние како поедници и политичка партија нашата битка против оваа диктатура ќе ја продлжиме со истата жар, со истиот елан и решителност. Диктатура не може да биде срушена од една партија, туку само од страна на народот. Клучното прашење не е што ќе прави опозиција, туку што ќе направи целиот народ заради иднината на своите деца и држава. Ние сме тука, а вие почитувани граѓани сте на потег. Ако сме заедно, победата ќе дојде, изјави Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“