Црвенковски: Народните пари не за споменици и жални врби, туку во корист на граѓаните

Од:

Куманово и Струмица се единствените општини во Македонија кои што се гасифицирани и тоа без помош од централанта власт, рече во Куманово, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Вети, во општините кои ќе ги добие СДСМ, ќе бидат целосно гасифицирани, а кога ќе ја преземат централната власт и цела Македонија.

„Нема споменици, жални врби и скапи мостови да правиме, народните пари ќе ги даваме таму каде што граќаните ќе имаат корист“, рече Бранко Црвенковски.

По средбите на премиерот во Русија, Црвенковски вели – гасификацијата на овие општини не е од денес, праша, кому му се потребни вакви театрални најави за инвестиции од кои не видовме ништо.

Вака, вели, изгледа според она што го ветува Груевски, во Македонија од силната желба за инвестиции ќе се судрат Катар и Русија.

Кумановчани ги покани утре во 20 часот да дојдат на протестно-промотивниот митинг, на кој ќе биде претставен кандидатот за градоначалник, Зоран Дамјановски – Циц.

Дамјановски вети убедлива победа во Куманово и рече дека слободарксиот град прв ќе го крене гласот против уништувачката политика на власта.

„Со проекти за народот, се бориме во ова тешко време“, рече Дамјановски.

Гасификацискиот систем во Куманово започнал да се гради 1994. година и доколку се реализира целиот проект, 30 илјади домаќинства и 2000 фирми ќе можат да се приклучат кон гасоводната мрежа.

10 милиони евра е сумата за гасификација во Куманово, а овие средства досега се инвестирани само од локалната самоуправа.

 

Би можело да ве интересира

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски