Црвенковски на средби со високи преставници на СПД

Од:

Соопштение од средбата на партиската делегација на СДСМ, предводена од Претседателот Бранко Црвенковски со Андре Стинка, генерален секретар на СПД во Северна Рајна Вествалија и Надја Лудерс, координатор на Пратеничката група на СПД во Северна Рајна Вестфалија
Партиската делегација на СДСМ, предводена од Претседателот Бранко Црвенковски, денес, ја започна официјалната посета на Германија со две работни средби со високи претставници на Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

На покана на СПД, партиската делегација на СДСМ во Дизелдорф оствари работни средби со Андре Стинка, генерален секретар на СПД во Северна Рајна Вествалија, како и со Надја Лудерс, координатор на Пратеничката група на СПД во Северна Рајна Вестфалија.

Овие средби, како и другите средби во рамки на оваа официјалната посетата на Германија, се од исклучителна важност за СДСМ и подеднакво важни за Република Македонија. Ова особено ако се има во предвид дека посетата се реализира на покана на Социјалдемократската партија на Германија која е владејачка партија во Северна Рајна Вестфалија.  стои во соопштението на СДСМ.

На денешните средби со Стинка и Лудерс биле  разменети искуства и мислења за меѓу-партиските односи и политичкото делување на двете сестрински социјал-демократски партии во своите држави. Високите претставници на СПД ги пренесоа искуствата од последната изборна кампања во Германија а особено ставија акцент на успешната кампања во Северна Рајна Вестфалија каде минатата година СПД ја однесе изборната победа.

„На средбите јасно е потенцирано дека СПД е силен поддржувач на процесот на евро-атлански интеграции на Република Македонија. Меѓутоа, мора да се забележи дека во случајот со Македонија се посочува дека спорот со името не е единствениот проблем и дека има повеќе политички и економски критериуми кои што се уште не се исполнети.Од страна на претставниците на СПД беше споменат и проблемот со азилантите од Македонија, особено со припадниците на Ромската заедница, за кој беше посочено дека се очекуваат засилени ангажмани на македонската Влада за надминување на проблемот.Беше потенцирано значењето од добрите меѓу етнички односи и во таа насока заеднички беше изразена загриженост за порастот на национализмот во Македонија, отворањето на националистички теми кои креираат меѓуетнички тензии во земјата“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал во Шутка, Јованов кој ја прегази Фросина добил мобилен телефон

Катерина Ѓуровски

СДСМ: На третото место сме во Европа според поскапувањето на лебот

СДСМ: Дали има коалициски договор во Владата да се чека Косово на патот кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Шукова: Парното поскапува заради неспособноста на Владата, стандардот на граѓани во слободен пад

Итно да се разреши директорката на Клиниката за деца „Козле“, бара СДСМ

Горан Наумовски

Филипче: Владата треба да ги заштити граѓаните од високите цени