Црвенковски: На СДСМ му треба единство и нова сила

Од:

Прв на делегатите на Конгресот на СДСМ им се обрати досегашниот лидер Бранко Црвенковски. Јасно кажа дека она што е неопходно да го има СДСМ во овој момент е нова сила и дека негово повторно кандидирање или враќање на лидерската позиција ќе биде грешка.

Црвенковски порачал дека не ја прифаќа кандидатурата од Иницијативниот одбор. Жали што не успеал да направи подобар резултат на локалните избори, бидејќи откриваат делегатите за А1он, подобриот резултат од овие избори ќе значел и подготовка за нови предвремени избори.

„Денес ќе се разделиме.Не можам да ја прифатам кандидатурата.На СДСМ му треба нова сила,нови чувари на огнот.Не се криев,не бегав.Ја преземам одговорноста за сите порази.Само еден Господ знае колку сакав да ве донесам до победа.Сакам новиот СДСМ да биде победнички и секогаш ќе бидам тука.Ви благодарам на лојалноста“, рече Црвенковски.

Обраќањата на Конгресот на СДСМ се зад затворени врати, но како што информираат дел од делегатите, тој од новото раководство побара единство и поголема ефикасност.

Црвенковски призал дека тој и раководството направиле грешка што ги признале резултатите од локалните изборите и дека иако имало докази за евидентен изборен фалсификат.

Црвенковски, велат делегатите за А1он, признава дека партијата не успеала да издржи и да опстане на незадоволството и бојкотот по 24. декември.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана