И минатата недела на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, имаше народ, рече лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Никола, посочи, во саботата посакуваше а јас знам дека сите овие луѓе се дојдени не по наредба туку по сопствен избор.
„Кога си опозиција со ваква тоталитарна власт, секој ваш подржувач вреди многу, затоа што знаеш дека не е купен или изнуден, чист е како солза, голем како планина. Минатата недела имаше и народ но и страв, користољубие, а вечерва е собрана храброста на Македонија. Ова со пари , Никола не може да се купи“, рече Црвенковски.
Праша зарем на сиромашните, социјалците и земјоделците треба да им се кажува колку е тешко да се живее.
„Зарем на сите не им е јасно дека Македонија е земја на државна мафија под контрола на фамилијата, дека е земја на криминал. Кога гледам што ни прикажуваат на рекламите си велам, или сме ние за во болница, или се овие за во лудница. Што народ ќе бидеме ако дозволиме така ефтино да не лажат.Никој нека не го потценува македонскиот народ. Може овој народ многу да издржи, но знае и тешко да казни,. Нема потешко од народната казна. За 5 минути, народот ќе им плати за сите заплашувања и понижувања во овие 7 години“.
Праша дали народот е подготвен за да ја водат битката не за тендери, фотељи и привилегии туку за иднината на народот и земјата.
„Дали искрено верувате дека она за што се бориме е праведно? Дали сте подготвени да одиме до крај, до конечна победа? Дали вечерва и вашето срце бие како и моето со сета жар за една единствена цел? Ако навистина сте цврсто решени, ви гарантирам дека нема сила што може да не запре. Ако сте подготвени и цврсто решени, јас. И има да ги дадат не затоа што сакаат туку затоа што ќе мораат. Отпорот продолжува. Ако народот сака предвремени избори, мора да има избори. Народе македонски, победата е пред тебе, осмели се!“, рече Црвенковски.