На митингот во Центар, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, порача дека битката трае, а отпорот продолжува.
Ние, рече Црвенковски, немаме два живота па едниот да ни го уништат, немаме ни две држави, а нашата пропаѓа на сите полиња. Нивното оружје, рече е сеењето страв, слободата е забранета, а демократијата е зло што мора да се уништи.
„Мора крај да се стави на ова лудило. Мораме тоа сите заедно да го направаиме. А тоа мора на избори, прво на локални, па на предвремени парламентарни. Со Вашиот глас на 24.март, давате или одземате глас на тиранијата на Груевски. Ако некоја победа има посебно значење, тоа е во Центар. Тука живеат луѓе кои не можеш да ги купиш или лажеш. Сите комплекси ги лечеа во Центар, најголемите пари ги украдоа во и преку Центар. Во Центар тепаа студенти, го убија Мартин Нешковски, го уапсија Љубе Бошковски, тепаа пратеници и новинари. Во Центар е Собранието, Владата и седиштето на ДПМНЕ. Тука сме јас, Јани и Андреј. На 24. март ќе се види кој е за Центар а кој за Казнено-поправен центар“, рече Црвенковски.
Да му покажеме, порача, дека времето на Груевски заврши.
2 индустрии на Груевски работат 24/7, пералницата на пари и пералниците на мозоци, рече Црвенковски.
„Додека фараонот Груевски си подига споменици, народот нема пари за леб.Затоа ајде да го победиме сите заедно, рече Бранко Црвенковски.