Црвенковски: Инвеститорите бегаат поради погрешни политики

Од:

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски со изјава го означи продолжувањето на „Работното лето“ викендов во Неготино и во Демир Капија на локација во близина на ТЕЦ Неготино.

„Ја избравме оваа локација како симбол на две работи.

Прво, како симбол на граѓанскиот отпор на граѓаните на Неготино за да се спречи изградбата на една железарница-топилница точно на овој потег, со која што ќе беше загрозено и здравјето на граѓаните на оваа општина, меѓутоа и еколошко чистите услови на овој крај за земјоделие, пред се за лозарството, со што ќе беа погодени и многу стопански субјекти, меѓутоа и многу семејства во целата оваа општина.

Се покажа дека цврстината, решеноста на граѓаните на Неготино и нивнте пет илјади потписи се посилни од одлуките на било која власт и посилни од бизнис интересите на било кого.

Ние како СДСМ се гордееме што дадовме свој придонес и преку нашите советници во општината и преку општинската организација и преку целокупното наше членство. Мислам дека тоа е еден добар пример кој што покажа дека кога граѓаните се организирани, сплотени може да се постигне успех и тоа е пример за цела Македонија.

Втората симболика на оваа локација е што се наоѓаме во релативна близина на ТЕЦ Неготино и сакам да потсетам на една ситуација која што ја имавме во 2006 година. Имено, тогаш актуелната влада на Социјалдемократскиот сојуз ги заокружи буквално сите подготовки, за влегување на, не една од најголемите, туку најголемата инвестиција во Македонија, не само во сферата на енергетиката туку воопшто во сферата на економијата.

– Имено, реномиран инвеститор го доби тендерот за инвестирање на 800 милиони евра во енергетиката во Македонија, кој што најголемиот дел требаше да бидат потрошени за изградба на една комбинирана термоцентрала покрај ТЕЦ Неготино. Од тоа ќе имаше корист и оваа општина, ќе имаше корист и цела Македонија“, рече Црвенковски.

Според него после промената на власта, договорот не се потпиша, тендерот се растури и се презедоа низа сомнителни активности.

„Подоцна во телеграмите на „Викиликс“ прочитавме дека странските амбасадори ги оценуваат како коруптивни и како обид да се создаде една пералница за пари во сферата на енергетиката. Истиот инвеститор отиде во Албанија и до сега инвестраше веќе милијарда евра, изгради две големи хидроелектрани, тоа беше можност која ние ја имавме и за жал, заради погрешни политики ја пропуштивме.

Сакам да потенцирам дека после промената на власта односот кон вакви сериозни инвестори ќе биде променет и сигурен сум дека тоа ќе резултира со многу поголемо ниво на странски инвестиции во нашата земја “, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби