Црвенковски: Имајте на ум дека зад параванот, власта е во ваши раце!

Од:

Со закани, уцени и со трошење на народните пари за реклами, власта се обидува да го добие вашиот глас – истакна лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, вечерва при посетата на велешкото село Иванковски. Тој ги храбреше жителите да не потклекнуваат пред многубројните притисоци и им порача да ја имаат на ум помислата дека власта е во нивни раце.

Токму во ова село, кандидатот за градоначалник на Велес, Аце Коцевски го победи со 120 гласови својот противкандидат, па Црвенковски ги повика да ја повторат победата и во вториот круг.

-Тоа можете да го покажете веќе на седми април и тоа само со една минута зад параванот. Кога ќе донесувате одлука помислете дека пред да го заокружите ливчето, власта е во ваши раце. Таа една минута. Потоа кога ќе го заокружите и фрлите ливчето во кутијата, веќе сте ја предале власта некому за наредните четири години. И потоа жалење, кукање, каење нема – посочи Црвенковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија