(ВИДЕО) Црвенковски: Идната недела поднесуваме интерпелација, за да се разоткрие театарот на ВМРО-ДПМНЕ со Ахмети

Од:

Лидерот на СДСМ од митингот во Битола најави дека следната недела опозицијата ќе поднесе интерпелација за владата, со цел да излезе на виделина театарот на ВМРО-ДПМНЕ и Али Ахмети.

„СДСМ реши оваа лакрдија да ја прекине. Ќе поднесеме интерпелација за гласање на доверба на владата на Никола Груевски. Ќе го направиме тоа без илузија дека ќе падне владата, нашата цел е до крај да се разоткрие оваа театарска претстава меѓу ДУИ и И ВМРО-ДПМНЕ. Нека види целата јавност, како Силвана Бонева и Влатко Ѓорчев гласаат Бесими да остане министер за одбрана, нека види цела Македонија како сложно, сплотени гласаат да остане оваа тендерска коалиција на власт“, рече Црвенковски.

Според него, две недели ДУИ и ВМРО –ДПМНЕ лажираат театар, „те се караат те се мират“.

„Груевски вели-министерот за одбрана ги навреди чувствата на Македонците. И што направи после тоа Груевски? Ништо. Си седи министерот за одбарана во кабинетоти, и не ферма ниту устав ниту ништо“, рече Црвенковски.
Според него истото е и со градоначалникот на Чаир кој ги смени имињата на училиштата, и му возврати на министерот за образование дека никој нема да биде казнет за тоа.

„Со благослов на ВМРО-ДПМНЕ дури и поезијата на Талат Џафери ја прогласија за легитмна, свесни ли се со нивното мајтапење со  Уставот што може да призлезе? Во целиот овој период, сите тие сложно продолжуваат да си ги делат тендерите, да спроведуваат рекет и да ги полнат сметките во странство“, порача Црвенковски.

Лидерот на СДСМ кажа дека Македонија седма година по ред се соочува со елементарна непогода наречена „портокалова преродба“.

„Блокирани сметки, невратени кредити, хипотеки и судски извршители. Македонија е земја на криминал и корупција, не од обични криминалци, тие не можат на ред да дојдат, ние сме земја на државен криминал. Изрекетираа се живо, испокрадоа кај стигнаа, со сила зедоа бизниси, од рекламни агенции до банки, од такси служби до ресторани. Македонија има власт која сопствените фрустарации ги лечи на грбот на својот народ, секој криминал го прогласува за патритизам , власт која измисли факултети за тие да дојдат до дипломи, лажни магистрати и докторати“, рече Црвенковски.

„Минатат недела Груевски даваше ветување пред стопанствениците, дека целиот долг ќе го врати до март следната година. За каков долг зборуваше, нели самиот изјавауваше дека нема долг и се е платено? Дали ти јавно ни призна дека свесно и безобразно си ја лажел целата македонска јавност? И зошто до март Никола, зошто не декември или јануари., што се случува во март? Избори Никола, избори, а после што? Пак по старо.

„Најголемиот сканадал е начинот на кој ќе го враќаат долгот кон стопанството-генијалците смислиле долгот да се врати со нов долг, со земање нов кредит од странство, а кој ќе го враќа тој долг? Па сите ние, преку повисоки цени. Ете тоа е реформаската политика на Никола Груевски и неговата влада“, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски