Црвенковски и Жерновски разговараат за соработка

Од:

Во хотелот Александар Палас штотуку започна средбата на лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски и на ЛДП, Андреј Жерновски.

Со ова започуваат и разговорите за формирање на поширок опозициски фронт, чија цел е како што велат од партииите „уривање на погубната политика на актуелната власт“.

Пред два дена во Охрид, ВМРО НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство ја почнаа серијата трибини и средби со граѓани, а Љубчо Георгиевски во интервју за А1 најави дека во јуни ќе почне разговори со Бранко Црвенковски за спојување во широк опозициски фронт.

Од партиите во опозицијата информираат дека сите ќе заборавале на суетите и недоразбирањата во минатото, поради, како што рекоа „за да го победат човекот што ги обедини – Никола Грувески“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?