Црвенковски:Тачко, гордеј се со Хари како што тој се гордее со тебе, како што јас се гордем со син ми!

Од:

Лидерот на СДСМ и предводник на Сoјузот за иднината, Бранко Црвенковски од митингот во Прилеп и порача на оваа власт да се надева на победа на 24. март.

Битката трае, отпорот продолжува, одиме до крај, одиме до конечна победа! Ние немаме 2 живота па едниот тие да ни го уништат! Ние немаме две држави па едната тие да ни ја уништат! Стопанството е на колена, државата презадолжена, заведоа диктатура, нивното единствено оруужје е сеењето на страв, и Хари не се тревожи, гордеј се со Тачко како што тој се гордее со тебе, како што јас се гордем со син ми, рече Црвенковски.

Мора да му ставиме крај на лудилото. Мора тоа да го направиме сите заедно, целиот народ со својата волја. И тоа така како што му личи на еден државнотворен народ, прво на локални избори, а потоа на предвремени парламентарни избори. На 24 ќе гласате за локална власт, но бидете свесни дека со истиот тој глас или давате или одземате легитимитет на тиранијата. Затоа се растрчани од ВМРО-ДПМНЕ, зашто чувствуваат дека се ближи денот, дека ги чека тешка, голема народна казна. На 24 март победете двапати! Ајде сите заедно да победиме за нашата Македонија. Посакувам победа во секој град, но срцето ќе ми го исполни победата во Прилеп, затоа што тоа значи дека доаѓа победата во цела Македонија, порача Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември