Црвенковски: Груевски, срамота е премиер да лаже

Од:

„Конечно Македонија се буди. Грми гласот на обесправените и сиромашните. Ечи низ цела Македонија. Доста им се плашевме“, рече на митингот во Штип, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Спремни сме, рече, да победиме за да биде подобро.

Секоја недела не бројат, па не делат, па измислуваат автобуси од Скопје. Цела Македонија, рече лидерот на СДСМ, ќе стане на нозе.Порача-готово е народот, се осмели, тргна напред и запирање нема.

„Со твојот потпис, во 2002 во стечај ги отера и штипска Алумина и Метална, и Астибо и Македонка.  Од што чинат патиштата, колите ги искршивме, пломбите ни испопаѓаа. Срамота е премиер да лаже. Никогаш и никој во име на СДСМ не бил против Универзитетот во Штип, никогаш и никој во име на СДСМ не рекол дека ќе сенамалат платите и пензиите, никогаш и никој во име на СДСМ, нема да се откажа од идентитетот“, му порача Црвенковски на Груевски од митингот во Штип .

„Секаде е катастрофа, во цела Макеоднија, но во источна Македонија е најтешко. Источна Македонија станува без народ. Тука има најмногу рекетари и лихвари, најмноги покер апарати, и тоа се, под покровирелство на власта. Источна Македонија ќе биде она што беше источниот фронт за Хитлер“, рече Црвенковски.

Се збира арач, рече Црвенковски за да може султанот да се лукзузира. Во секој споменик лежи по една фабрика. Ем парите ги потрошија, ем направија од Македонија земја за потсмев. Земја сме без иднина и без план и концепт. Исфрустрирани ни ја водат државата а комплексите ги лечат преку грбот на македонскиот народ, тие се рече, лажни реформатори, и уште полажни патриоти.

„Време за триумф на народната воља, народот да си ја врати киднапираната држава, порача пред штипјани лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ