Црвенковски: Груевски, осмели се и излези на дуел со мене

Од:

„ Ова нема да бидат обични локални избори, ова ќе биде и референдум за нашата држава. На сите ни е јасно дека ова лудило скапо ќе не чини и мораме да го запреме Да покажеме дека сме луѓе што не се предаваат, дека сакаме да живееме подобро. Од нас зависи како ќе живееме, дали ќе бидеме исплашени, или горди и исправени, дали ќе се избориме да бидеме слободни во нашата држава.,порача од митингот во Велес, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Да не им паднат овој пат идеи за фалсификати и криминал како претходните избори. Сега им порачуваме, СДСМ не е ист од пред 4 години, не си играјте со оган“,  и порача Црвенковски на власта.

Македонија е земја на задолжени фирми и граѓани, на политички затвореници, згаснати и уценети медиуми, на покер апарати, и на криминал и корупција, земја без компас за иднината, ова рече е резултатот на 6-те години Жална Македонија, на жални врби.

„Власта е во рацете на еден човек, тој е се, и Врховен и Уставен судија, и уредник на медиуми и главен архитект. И наместо да излезе пред народот и да соопшти дали има план што натаму како да излеземе од провалијата, тој сака да зборува што се случило пред многу години.Господине Груевски, Ве чека долга и тешка битка и да расчистиме нешто од сега.

– Ајде, осмели се и прифати еден ТВ дуел со мене. Зошто се криеш зад други? Ајде да му ја дадеме вистината на народот“, порача лидерот на СДСМ пред велешани.

Црвенковски одговори на повиците на ВМРО-ДПМНЕ да каже што направил СДСМ. Ние ,рече, направивме држава.

„Во наше време не се градеа споменици, жални врби, градски плажи, парите, рече Црвенковски ги инвестиравме во патишта.

– Изградивме 130 км. автопат. 7 километри автопат се изградени за 6-те години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, по еден километар за секоја година, во енергетиката нема ни еден објект. Градевме, ама не се фалевме.Тоа ни беше работа“, рече на митингот во Велес, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Црвенковски ги охрабри граѓаните, како што рече, да не плашат од вечни студенти кои возат мерцедеси и избираат судии, од луѓе без идеи. Време е, рече, за битка и за победа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски