Црвенковски: Груевски не сака да ја види Македонија во НАТО

Од:

„Проблемот на Груевски е што не сака Македонија да ја види во НАТО. Тогаш ќе има силен мониторинг од надвор. Нема да има политички затвореници, како Љубе Бошкоски и нема да може да затвора медиуми ,како А1“, рече во „Анализа“ на 24 вести, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

„Јас кажав дека Грција води една неправедна, неполитичка политика и узурпација на нејзината позиција во Унијата.Ние не можеме да влијаеме какви ќе бидат позициите на Атина, ама можеме да влијаеме на нашата Влада.

Јас лично не верувам дека проблемот ќе го решиме во директни преговори со Грција, ние мораме да го држиме посредништвото на САД и Европската унија. Тие се тргнаа од процесот, кога го видоа овој процес на антиквизација,рече Црвенковски.

Црвенковски изјави дека ако дојде на власт не може уште сега да каже како ќе го реши проблемот со името.

„Не можам јас сега да кажам, би било несериозно, не знам што правеле во овие шест години, што разговарале, кои опции биле на маса.Јас уште еднаш ќе го кажам ставот на СДСМ -компромисно решение кое не го задира македонскиот национален идентитет а ќе овозможи да станеме членка на НАТО и ЕУ“, рече Црвенковски.

На прашање дали би прифатил географска одредница, Црвенковски рече дека би побарал пред се „политичка одредница“ за името на државата.

Потсети дека Никола Груевски, како премиер, и тој како претседател на Република Македонија, пред самитот во Букурешт, прифатиле Република Македонија(Скопје), за меѓународна употреба.Праша за каква двојна формула сега зборува Груевски.

Опозицијата ќе врши секојдневен притисок врз власта да се корегира, локалните избори ќе бидат референдум, и ако победи опозицијата, легитимно е да бараат предвремени избори.За секојдневните прозивки од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, да даде коментар околу наводниот шверц со нафта, пред 18-тина година, Црвенковски праша, зошто ако имаат сознанија за криминал, досега кривично не го гонеле

„Жал ме фаќа за Бичиклиски. Ме повикува за некој бараба, хохштаплер што дал изјава. За што ме повикува? Ако има основа за криминал зашто не го гонат тој криминал? Јас да му одговорам за некој угледен криминалец? Што е тоа угледен криминалец? Опозицијата треба да повика за некоја афера, власта треба да апси, ако нема аргументи тогаш нека молчи“, рече лидерот на СДСМ.

„Само нека продолжат. Бичиклиски уште 35 дена нека си излегува пред Идадија, нека продолжат со формулации, предавства, странски платеници, ама едно е непобитно, Грувеки сто пати повика да се обедини народот, еве сега се обединува народот“, одговори Црвенковски.

Ниту некој го викнал, ниту му дал можност да одговори , за наводната афера со имотот на Корчула, вели Црвенковски. Појасни се работи за плац кој неговиот дедо го купил во 1979 на Корчула, кога тој имал 17 години. Не е пријавен имотот зошто немаат никаков документ.

Нема каде да одговори, бидејќи медиумскиот простор е поклопен и под контрола на власта.

„Да земам графити ли да пишувам.Тоа што им успеваше да го заплашуваат народот не им успева повеќе“, рече Црвенковски, во Анализа“ на 24 вести.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец

СДСМ: Владата нема ниту желба ниту знае како да ги регулира високите цени на производите

СДСМ: Тошковски и МВР конечно признаа вина кај Наим Рамука

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост