Црвениот крст од Струга со 15-тина нови спасувачи на вода

Од:

Петнаесеттина спасувачи на вода од струшката организација на Црвениот крст до 22-ри овој месец ќе бидат дел од обуката што се организира во Центарот за обука на вода во Охрид.

Нив ќе ги обучуваат меѓународни инструктори од операцијата „Флоријан“ од Манчестер, Велика Британија.

– Нашите спасители кои ќе ја поминат оваа обука се веќе кондициски и здравствено подготвени за да делуваат и да интервенираат при несреќи на струшкото крајбрежје, изјави Адуриме Даути, секретар на Црвен крст од Струга.

Според неа, општинската организација во Струга, секоја година регрутира по околу 15 нови спасувачи на вода, така што може да се одговори на потребите во струшкиот дел на крајбрежјето.

– Со закупците на плажи секоја година се склучуваат договори за да ги обезбедуваме нивните капалишта. Апелирам до сите нив, пред почетокот на главната туристичка сезона да постават спасители на вода од Црвениот крст затоа што оваа организација е единствената која има лиценца за ангажирање спасители на вода, истакна Даути.

Струшкиот Црвен крст ќе добие и еден чамец којшто ќе го обезбеди Црвениот крст од Охрид.

– Во текот на јули ќе добиеме уште една донација од операцијата „Флоријан“ од Манчестер, Англија. Тоа е спасителен чамец. Покрај трите чамци што ги имаме во Охрид, еден спасителен чамец ќе биде насочен во Струга, каде струшките спасувачи ќе можат побрзо да интервенираат, изјави претседателот на охридскиот Црвен крст Сашо Точков.

Спасувачите на вода во Струга функционираат веќе три години. Се очекува да бидат ангажирани од 1 јули кога и официјално започнува главната туристичка сезона во Струга и Охрид.

Би можело да ве интересира

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Почина четиримесечно бебе, во болницата во Струга го донеле без знаци на живот

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга