Црвениот крст Берово апелира за донации за екипите што се борат со пожарот

Од:

Општинската организација на Црвен крст Берово упати апел до граѓаните за донации на храна и пијалоци, наменети за екипите кои го гаснат шумскиот пожар што го зафати подрачјето на општина Берово. Апелираа сите кои се во можност да се вклучат во поддршката на било каков начин, а во рамки на своите можности.

-Во овие тешки моменти, екипите на терен несебично се борат со огнената стихија за да ја заштитат природата која не опкружува. Ве повикуваме сите кои сте во можност да донирате нерасиплива и конзервирана храна, флаширана вода, електролити и освежителни пијалоци, стои во објавата на Црвениот крст Берово.

Пунктот за донации е отворен во салата на Општина Берово, секој ден од 08:00 до 15:00 часот.

Од Црвениот крст изразија благодарност за покажаната хуманост и солидарност, и ја повикаа јавноста да продолжи со поддршката за „хероите на терен“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгореа напуштени куќи и плевни во Чаниште, четворица жители побарале медицинска помош

29 пожари во изминатото деноноќие, шест се активни

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција

ВИДЕО: Шест активни пожари на отворено во земјава

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближи кон куќите

Катерина Ѓуровски