Црвен крст-Струга: Концесионерите на плажите да ангажираат спасители

Од:

Концесионерите на плажите да ангажираат спасители на вода и да обезбедат соодветни услови за безбедност на капачите, но и подобрување на угледот на Струшкото крајбрежје, апелира секретарот на Општинската организација на Црвениот крст – Струга, Адуриме Даути.

Според неа, во тек е пријавувањето за спасители на вода за претстојната туристичка сезона, кои треба да поминат соодветни обуки. Аква паркот и една плажа во Струга веќе имале ангажирано 10 спасители на вода кои имаат поминато курс од минатите години. Останатите концесионери, како што информира Даути, спасители ангажират од 1 јули.

– Концесионерите да ангажираат спасители со цел подобрување на угледот на нашите плажи, капачите да се чуствуваат побезбедни и да имаме успешна и мирна туристичка сезона, изјави Даути.

Изрази надеж дека и корисниците на пловни објекти ќе имаат разбирање и ќе ги почитуваат законските одредби да не ги вознемируваат капачите, но и за помалку несакани инциденти.

– Капачите да ги почитуваат правилата на плажите, да не излегуваат од обележаните површини во водата, а родителите да бидат внимателни со своите деца, рече Даути.

Минатото лето спасителите на струшките плажи имале над 40 интервенции од кои кај 10-тина активни давеници, а секојдневно реагирале и за изгубени деца на плажите.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга