Црвенковски: Ако го уапсат и Љубчо, коалицијата ќе биде уште посилна

Од:

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во однос на шепкулациите кои се појавија во јавноста дека власта подготвува апсење на лидерот на ВМРО-Народна ,Љубчо Георгиевски рече оти тоа нема да придонесе кон растурање на коалицијата.

„Ако продолжат со политички мотивирани апсења и процеси во Македонија тоа е дополнителен мотив сите кои се залагаат за демократија и правна држава да се обединат. И тие што сме веќе во коалицијата и тие што не се да пристапат и да го дадат својот придонес конечно Македонија повторно да стане нормална, слободна и демократска држава каде што ќе се почитува уставот и законот , а не вољата на еден човек и каде нема поради интересите и мотивите на една група луѓе на власт да се прекршуваат законите и да се злоупотребувнаат институциите“ рече Црвенковски.

Во однос на евентуалната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори во Кичево и Струга, Црвенковски го повтори ставот кој пред некој ден за А1 го кажа Андреј Петров.

„Ако во Кичево и Струга постои личност што е општо прифатена и е подржана од сите граѓани и ако ние врз основа на тоа му дадеме подршка, на нас не ни пречи и ВМРО ДПМНЕ да му даде подршка, но само ако постои таква личност“, рече Црвенковски

Би можело да ве интересира

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски