Црна Река стаса до првите куќи кај Тополчани

Од:

Прилепскиот кризен штаб ја следи состојбата во општината, особено по течението на Црна Река. За да се спречат евентуални поплави од новите дождови и денеска се прават насипи на Црна Река кај селото Тополчани. Водата од реката е веќе стасана до првите куќи во селото.

Градоначалникот Марјан Ристески, кој беше во обиколка на теренот, изјави дека голем е стравот водата да не ги поплави куќите, но и трафостаницата.

– Денеска се ангажирани преку 200 луѓе од кои 130 војници, другите се од јавните претпријатија. Едната група полни вреќи песок во прилепската касарна, а втората го прави насипот на Црна Река кај селото Тополчан со цел да спасиме ново излевање на реката. Се работи на потегот кај првите куќи кои се најблиску до реката, зашто водата е дојдена до самите куќи. Се работи и на спасуање на трафостаницата која го снабдува овој регион со електрична енергија, изјави Ристески.

Кризниот штаб перманентно заседава и ги одредува критичните точки поради новите дождовите.

– Денеска цел ден врне, можни се нови поплави, вели Ристески.

Според Гордана Тошеска, директор на водостопанското претпријатие „Прилепско поле“ нивото на Црна Река кај Новаци е 4,46 метри.

– Во меѓувреме од прилепското вештачко езеро сега се испуштаат по 2000 литри вода во секунда за да не настане хаварија. Нема опасност за нивото на Градска Река во Прилеп, а сега превентивно се делува на сите места за да се спречи првенствено да не бидат поплавени куќи, вели Тошеска.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар