Црна Река прелева на старите места кај Тројкрсти и Тополчани

Од:

Последните дождови предизвикаа да се подигне нивото на Црна Река и повторно да се излее на две места и да поплави некои површини.

– Поради дождовите е зголемено нивото на Црна Река и на две места кај селата Тројкрсти и Тополчани Црна Река е излеана од коритото и се поплавени земјоделски површини во атарот на селото Лознани, општина Могила. Засега нема пријавено дека вода има во некои објекти, изјави Илко Петкоски од прилепскиот Центар за управување со кризи.

Двете места каде водата од коритото на Црна Река прелева се истите точки кога прелеваше за време на зимските поплави.

– Тоа се истите места, но сега не може да се интервенира. Поради големата влажност на почвата, не може таму да влезе механизацијата. Кога ќе дозволат условите, ќе се работи на подигнување на насипите, вели Петкоски.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава