ЦРМ: Владата нетранспарентно го менува Законот за медиуми

Од:

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) оценува дека последниот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од страна на Владата, по скратена постапка, претставува уште еден обид за нетранспарентно и задкулисно интервенирање во закон кој директно ги допира слободата на информирањето и слободата на медиумите.

„Сметаме дека е крајно време, Владата да престане со игнорирање на медиумските организации и новинарските здруженија при интервенција во правни акти кои директно ги засегаат медиумската, но и пошироката јавност.

Последниот обид да се направи интервенција во промената на овластените предлагачи на Програмскиот совет на МРТ, каде наместо досега предвиденото мнозинско новинарско здружение, се воведува и второ новинарско здружение, без при тоа да се консултира медиумската заедница и да се отвори поширока јавна дебата, претставува сериозен индикатор за тоа каков е односот на Владата кон медиумите и медиумските работници.

Едновремено се отвара и прашањето зошто овие измени треба да се одвиваат во скратена, а не во редовна постапка“, се вели во соопштението на ЦРМ Исто така, ЦРМ ја потсетува Владата за јавно преземената обврска, во рок од шест месеци по донесувањето на медиумските закони, да предложи промени во начинот на финансирање на јавниот радиодифузен сервис со цел да се зголеми неговата независност.

ЦРМ смета дека само преку целосна финансиска и уредувачка независност на МРТ може да се создаде независен и транспарентен јавен радиодифузен сервис, кој на вистински начин ќе ги штити интересите на граѓаните и на јавниот интерес во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ