ЦРМ: Декриминализација на клеветата: Функционерите заштитени – новинарите заплашени!

Од:

Две години откако навреадата и клеветата се декриминализираа клеветата, Центарот за развој на медиуми оценува дека постои драстична разлика во постапувањето на судиите, кога станува збор за процеси во кои како странки се јавуваат политичари/државни функционери, наспроти случаите во кои нема нивна инволвираност, ниту како тужители, ниту како тужени, информира

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) во најновиот извештај кој се однесува за февруари 2013 до декември 2014 година, при што се набљудувани судските постапки против новинарите и медиумите.

Во Основниот суд Скопје 2 Скопје, набљудувани биле 74 судски случаи (во кои се вклучени новинари, но и државни функционери и политичари), во околу 350 рочишта. Дури 16 проценти од вкупниот број мониторирани процеси се тужби на новинари против новинари, уредници и медиуми. Во 7 случаи како тужител се јавува Драган Павловиќ-Латас, а во останатите 5, како тужител се јавува Ивона Талевска.

„Пред првостепениот суд завршени се 43 односно 58 проценти случаи, а во само 5 (11 проценти) постапки е утврдена одговорност за навреда и клевета. За исто толкав број предмети – 5 (11 проценти) Апелациониот суд се изјасни односно одлучи по поднесените жалби. По две години од декриминализацијата на навредата и клеветата, можеме да констатираме дека постои драстична разлика во постапувањето на судиите, кога станува збор за процеси во кои како странки се јавуваат политичари/државни функционери, наспроти случаите во кои нема нивна инволвираност, ниту како тужители, ниту како тужени. Кога во случаите како една од странките се јавува државен функционер или политичар, видливо е дека тие се одвиваат побрзо, односно видлива е тенденцијата за поитно постапување на судот. Исто така, во ваквите случаи примената на Европската конвенција и праксата од Стразбур, која меѓу другото предвидува носителите на јавни функции да имаат поголем праг на толеранција во однос на критиките, е недоследна и е во насока на целосна заштита на честа и угледот на функционерите, а на штета на слободата на изразување“, се вели во анализата на ЦРМ.

Според нив, судот наместо да ја штити слободата на изразување, дополнително ја загрозува со тоа што, од една страна, ги штити функционерите и власта, а од друга страна, ги казнува новинарите, ги доведува критичките медиуми до работ на нивниот опстанок, и ги засилува стравот и самоцензурата.

„Декриминализацијата на навредата и клеветата, овозможи постапките пред граѓанскиот суд да бидат пократкотрајни, но не и поекономични. Во споредба со таксите пред кривичниот суд, таксите за тужба, одлука и жалба, пред граѓанскиот суд се драстично поголеми. Ова претставува дополнително оптоварување за новинарите, уредниците и медиумите кои и онака се соочени со голем број тужби и високи надоместоци за нематеријална штета. Тие уште пред да поднесат жалба се соочуваат со дилемата што им е поисплатливо, да го платат надоместокот за нематеријална штета и да не се жалат до второстепениот суд или пак, да се жалат и да ризикуваат да изгубат и да имаат огромни трошоци.

Нивната дилема ја засилува и фактот дека доколку го изгубат предметот ќе треба да ги платат своите, но и трошоците на тужителот. Сметаме дека двојните аршини во постапувањето на судиите, целосната неоснована заштита на честа и угледот на функционерите и непочитувањето на Европската конвенција и праксата на Судот во Стразбур, сериозно ја загрозуваат слободата на изразување во Македонија, и го наметнуваат прашањето за (не)зависноста на судската власт во државата, како и за квалитетот на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, се вели во анализата на ЦРМ. .

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on