Црквите во полошко на мета на крадците

Од:

Непознати сторители извршилекражба во црквата „Света Петка“ во тетовското планинско село Луковица.

Според полицијата, од метално сандаче за доброволни прилози наверниците што се наоѓало пред црквата, која е во завршна фаза на изградба, крадците украле околу 18 илјади денари,по што незабележани од никого избегале.

Ова е една од десетината кражби во верски објекти што се случила во Тетовско во текот на оваа година, при што главна цел на крадците биле доброволни парични прилози, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Над десетина кражби во цркви и манастири се забележани и на гостиварското подрачје, каде што биле украдени над 60 икони со различна големина.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он