Цревниот крст Куманово го одбележува Светскиот ден на Црвениот Крст

Од:

Oпштинска организација на Црвениот Крст – Куманово, по повод Светски ден на Црвениот крст 8 мај, како и недела на Црвениот крст од 10-15 мај организира низа настани на подрачјето на општината. По тој повод во соработка со ИПА – Интернационална полициска асоцијација, регион Куманово, потпишан е меморандум за соработка, а воедно е одржан и турнир во стрелаштво.

– Денеска имаме отворен ден во чии рамки се одржува собирна акција, кратка презентација за работата на Црвен крст Куманово и од тимот за Прва помош при ООЦК Куманово показна вежба пред присутните. Исто така, Црвен крст Куманово денес првпат организира крводарителска акција во село Лојане, изјави Бојан Петрушевски од Црвен Крст Куманово.

Активностите по повод Недела на Црвен крст ќе продолжат со отворени денови како и дисеминациски предавања, најавија од Црвен Крст и во текот на наредните денови.

На 15 мај е предвидено крводарителска акција во ООУ „Крсте П.Мисирков“ како и показна вежба по прва помош во холот на училиштето, а во центарот на градот ќе бидат поставени штандови на кои волонтерите ќе ги информираат граѓаните со активностите и работата на Црвен крст Куманово.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци