ЦО на СДСМ едногласно го поздрави постигнатиот договор за надминување на политичката криза

Од:

Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно го поздрави постигнатиот договор за надминување на политичката криза во Република Македонија.

Создавањето преодна влада без Никола Груевски, којашто ќе ги организира следните парламентарни избори е клучен чекор за обезбедување фер и демократски избори.
Именувањето специјален јавен обвинител ќе обезбеди независна и целосна истрага на сите откриени злоупотреби на власта, констатираше ЦО на вечерашната седница.

Централниот одбор инсистира на целосна имплементација на договорот и порачува дека нема да дозволи никакво одолговлекување и злоупотреби.

Вистината за Македонија ги обедини граѓаните во борбата за демократска и европска Македонија. СДСМ ќе ги продолжи политиките на создавање единство, доверба и постојана соработка со сите граѓани, заклучи Централниот одбор на СДСМ.

Во дискусиите на вечерашниот состанок на Централниот одбор беа силно поздравени напорите на претседателот Заев и на раководството на СДСМ во битката за остварување на зацртаните цели и беа разгледани натамошните правци на дејствување на Социјалдемократскиот сојуз во насока на враќање на слободата и демократијата во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ