ЦО на ДОМ донесе одлука за излегување од владината коалиција

Од:

На седницата на Централниот одбор на ДОМ одржана синоќа по разгледување на актуелната политичка ситуација е донесена одлука за излегување од владината коалиција.

ДОМ денеска соопшти дека е заклучено оти со овој чекор партијата ќе помогне во разрешување на длабоката политичка криза која е закана за стабилноста на Република Македонија.

– Веруваме дека на ваков начин ќе иницираме редица конструктивни политички потези, кои би довеле до предвремени избори. Тоа го гледаме како единствен начин за канализирање на насобраниот граѓански револт, стои во соопштението од ДОМ.

Одлуката на ДОМ за излегување од коалицијата, се појаснува, доаѓа како логична завршница по сите реакции со осуда на содржината на снимките што ги емитува опозицијата.

-Токму затоа ДОМ предлагаше решавање на политичката криза преку два паралелни процеса – правен и политички, кои би започнале со оставка на јавниот обвинител, враќање на опозицијата во Парламентот и избор на нов обвинител со консензус. Сите случаи би ги следела анкетна комисија во Парламентот, се појаснува во соопштението.

ДОМ најавува дека и во парламентот и на локално ниво ќе дејствува независно и конструктивно, во согласност со своите програмски приоритети.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!