ЦИВИЛ со повик до граѓаните да соработуваат и да пријавуваат неправилности во избирачкиот список

Од:

„ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува граѓанките и граѓаните да помогнат во ревизијата на Избирачкиот список и да пријавуваат нерегуларности. Тие можат да извршат јавен увид во Избирачкиот список до 9 септември на полноќ.

И покрај оценката на ДИК дека увидот во Избирачкиот список на граѓанките и граѓаните е задоволителен, ЦИВИЛ апелира до сите граѓанки и граѓани со право на глас, час поскоро да се проверат и да пријават нерегуларности, односно доколку има потреба да се изврши дополнување, бришење или запишување во Избирачкиот список.

Избирачкиот список останува предизвик за Државната изборна комисија и покрај нејзините напори за ревизија. Со оглед на претходното искуство, но и со состојбата на Избирачкиот список на референдумските изјаснувања во текот на изминатите месеци, ЦИВИЛ констатираше дека, освен вклучувањето на релевантни институции во решавањето на проблемите со Избирачкиот список, на ДИК му е потребна помош и соработка од гласачкото тело и организациите на граѓанското општество.

Државната изборна комисија за локалните избори на 15 октомври предвидува два начина за проверка на Избирачкиот список, во самите Општински изборни комисии или со електронска проверка.

ЦИВИЛ препорачува, доколку се во можност, граѓанките и граѓаните да ги искористат и двата начини за увид во Избирачкиот список, со цел да помогнат во усогласување на податоците. Претходното искуство на ЦИВИЛ наведува бројни примери каде граѓанките и граѓаните според електронската проверка се на Избирачкиот список, а со увид на лице место не се на истиот.

Истовремено, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да го известуваат и ЦИВИЛ за сите неправилности на избирачкиот список.

Заклучно со 3 септември, според извештајот на ДИК, вкупно 16.319 граѓанки и граѓани се провериле на Избирачкиот список.

Имајќи предвид дека на претходните предвремени парламентарни избори во 2016, вкупно 1.784.416 граѓанки и граѓани имале право на глас, ЦИВИЛ констатира дека со ваквото темпо на увид во Избирачкиот список, ДИК се соочува со повторна хаварија на денот на изборите.

Во текот на оваа недела, ЦИВИЛ ќе излезе со свое гледиште и анализа на тема Избирачки список базирана на досегашните сознанија, но и пријави од граѓанките и граѓаните што започна накратко по отворањето на Избирачкиот список за јавен увид“ се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

За претседателските избори во Избирачкиот список запишани 1.814.317 избирачи, за парламентарните 1.815.350

Горан Наумовски

Вкупно 4.527 лица направиле увид во Избирачкиот список во канцелариите на ДИК, а 13.056 по електронски пат

Демократски сојуз: Да се среди избирачкиот список

На локалните избори ќе може да гласаат 1 824 864 граѓани, ДИК вечерва го заклучи Избирачкиот список

А1он

ДИК треба да го заклучи Избирачкиот спсисок

А1он

Вкупно 14.921 лице извршиле увид во избирачкиот список

Ана Ололовска