Цивил: Почетна цена за еден глас на изборите е 1.000 денари

Од:

Невладината организација „Цивил“ информира дека во општините каде што има втор изборен круг има поткупување, закани притисоци и сите оние нерегуларности кои се забележани во првиот круг од локалните избори.

Како што велат од Цивил, гласовите на граѓаните се купуваат со масло, маици, но има и такви кои што купуваат гласови со стипеднии, но и пари за гласови при што почетната цена е 1.000 денари за еден глас.

-Можете и да се пазарите, а често целата работи оди преку посредници. Дури и на член на нашата група му биле понудени пари за неговиот глас, но и за сите оние што може да ги мобилизира, вели Илир Ајдини од Цивил.

Продолжуваат притисоците и врз вработените во јавната администрација.

Во агитирањето најмногу се ангажираат нововработените и оние без решенија за работа. Дел од нив немаат ни работни позиции таму каде што се распоредени, па поголемиот дел од времето го поминуваат во партиските изборни штабови.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември