• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

by А1он02/11/2018 - 14:14398
Share0

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги охрабрува институциите, особено Основното јавно обвинителство, да продолжат да работат во насока на заштита на новинарите и на медиумските работници. Оваа заложба не смее да застане на една и единствена пресуда, стои во соопштението од ЦИВИЛ по повод денешното одбележување на Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста за насилството врз новинарите.

Добивај вести на вибер

Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста за насилството врз новинарите се одбележува, се посочува во соопштението, со само една пресуда за вкупно 54-те напади врз новинарите во последните пет години.

– Казната од шест месеци затвор за Матија Каников, кој на протестите на движењето „За заедничка Македонија“, ја нападна новинарската екипа на А1 Он, е првата пресуда со која напаѓач на новинар во Македонија е осуден на затворска казна, со што се прекина повеќедецениската политика на неказнивост за напади врз новинари, се подвлекува во соопштението.

ЦИВИЛ – Центар за слобода уште еднаш, во пресрет на денешното одбележување на Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста за насилството против новинарите, ја поздравува оваа одлука на судот, како јасна порака дека системот не смее да толерира насилство врз новинарите.

Истовремено, посочуваат одЦИВИЛ, ваквата пресуда влијае позитивно и на зголемување на безбедноста на новинарите, која е основен предуслов за тие слободно, непристрасно и без страв да истражуваат и известуваат.

– Системот мора да покаже и докаже дека ги штити основните човекови права и слободи, како што е слободата на говор!, стпо во соопштението.

civilnovinari

Би можело да ве интересира

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

Горан Наумовски02/01/2026 - 19:45

Пентагон воведува строги ограничувања за новинарите

Горан Наумовски21/09/2025 - 19:58

Трамп: Би сакал новинарите да имаат пристап до Газа

Горан Наумовски15/08/2025 - 07:2415/08/2025 - 07:29

СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно легитимира новинари

Предраг Петровиќ12/08/2025 - 15:20

Убиени се двајца новинари во Газа

Горан Наумовски26/03/2025 - 07:44

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

Горан Наумовски03/02/2025 - 17:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен