Чуму седница на Судски совет, ако за судиите се расправа на затворена координација?

Од:

Одложена е денешната седница на Судскиот совет на која требаше да бидат избрани 6 апелациски судии во Скопје за кој се јавиле над 90 кандидати.

По паузата беше соопштено дека седницата за избор се одлага на неодредено време. Претседателот на Советот, Киро Здравев, рече дека седницата се одлага поради неодржана координација меѓу членовите, за да се избрале најдобрите и да не пропаднел огласот.

Се поставува прашањето зошто се одржува координација зад затворени врати и без присуство на јавноста за кандидатите кои се пријавиле на огласот? Дали тоа значи дека е отворена можноста членовите тогаш да ги договараат имињата кои би биле избрани, а одлуките само да се потврдат на јавна седница?

Ситуацијата е уште поинтересна ако се има предвид фактот дека од објавувањето на огласот за избор на судии во скопска Апелација која кубури со судии до денеска поминаа неколку месеци, а на двајца членови на Советот, Селим Адеми и Лидија Каначковиќ на 5 октомври им истекува мандатот. Тоа значи проблем во обезбедување мнозинство гласови за избор на судиите. На Виолета Богојеска мандатот ѝ истекува во декември годинава.

Денеска беа избрани претседателите на судовите на чие место неколку месеци имаше вршители на должност и двајца управни судии.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ