Чулев за загинатите во масакрот кај Карпалак: Хероите никогаш не умираат

Од:

Ексминистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, по повод 19 години од масакрот кај Карпалак, посочи дека хероите никогаш не умираат, изразувајќи им почит на десетте армиски припадници од Прилеп и прилепско, кои загинаа откако беше нападнат конвојот на Арбијата на Република Македонија.

„На денешен ден пред 19 години кај месноста Карпалак загинаа десет припадници на безбедносните сили. На 8 август 2001 околу 10 часот конвој на АРМ беше подмолно нападнат од заседа. При тоа беше погодено едно транспортно возило на Армијата во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Во моите мисли и во моето срце засекогаш ќе биде споменот за луѓето кои со својата искрена пожртвуваност покажаа што значи љубов кон сопствената татковина. Хероите никогаш не умираат. Слава и почит на сите вас. Македонија нема да Ве заборави“, напиша Чулев по повод 19 годишнината од масакрот кај Карпалак.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак, нивното дело и пожртвуваност се памети

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Десетмината прилепски бранители убиени кај Карпалак загинаа за татковината

24 години од трагедијата кај Карпалак: „Спомените за загинатите ќе се чуваат, со порака – никогаш да не се повтори“

Оштетена спомен плоча на загинатите бранители кај „Карпалак“

Предраг Петровиќ

23 години од трагедијата кај Карпалак

Во Прилепската касарна почна одбележувањето на 23 години од Карпалак