Чулев тврди дека уапсените полицајци не се поврзани со неговиот тим и кабинет

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека уапсените полициски службеници не се поврзани со неговиот тим или пак неговиот кабинет. Тој тврди дека лицата немаат добиено било какви решенија за работа од негова страна. Неговото поврзување со уапсените полициски службеници, тој смета дека е конструкција од претходното раководство на МВР.

„Имено, станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи и истите се распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со мојот тим или пак мојот кабинет. Лицата немаат добиено било какви решенија од моја страна. Во таа насока во целост ги демантирам наводите објавени во медиумите кои се креирани од луѓе кои сакаат да застанат на патот на правдата. Уште еднаш напоменувам дека изнесените наводи во медиумите се лага и конструкција смислена од претходното раководство на министерството за внатрешни работи. Овие лажни вести се пласираат за да се нанесе штета на моето работење и на моите соработници“, пишува Чулев на социјалните мрежи.

Министерот додава дека има спрега помеѓу параполициски, судски и обвинителски структури, блиски до СДСМ и подземјето. Тој смета дека во наредниот период очекува да се изнесуваат невистини со цел попречување на истрагите кои се во тек, а се однесуваат на криминалните дејствија поврзани со претходната структура.

„Напоменувам дека никој нема да ме поколеба или исплаши во мојата посветеност за бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата“, додава Чулев.

Најмалку четворица високи полициски службеници, според сознанијата на „А1он“, се во моментов во Обвинителството, а им биле одземени мобилни телефони, компјутери и други предмети. Се очекува истрагата да се прошири и да бидат приведени и новопоставени функционери од министерот Наќе Чулев.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он