Чулев оствари средба со резидентната координаторка на ОН, Дуџак

Од:

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна средба со Росана Дуџак, резидентната координаторка на ОН.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на средбата Чулев ја истакнал исклучителната соработка на МВР со Организацијата на ОН, во чии рамки непречено се одвива и соработката со соодветните Канцеларии на ОН во Скопје, кои преку заеднички проекти вршат поддршка на Министерството и полицијата.

– На состанок стана збор и за можностите за давање поддршка во справувањето со пандемијата од страна на Светската здравствена организација, како и конкретните барања во таа насока упатени до Канцелариите на УНХЦР, УНОДЦ, УНДП, УНИЦЕФ, ОБСЕ и ИОМ, важни за непречена работа на припадниците на МВР вклучени во справувањето со Ковид-19, наведоа од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка