Чулев: Одлуките на Владата за мерките се носени низ призма на политика

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека порастот на заболени од коронавирус е последица на тоа што власта наместо суштински политики, водела дневен пи-ар.

„Секоја одлука на Владата поврзана со мерките, особено кога изборите почнуваа да стануваат актуелни беше носена низ призма на политика, а не за да се заштити здравјето и животот на граѓаните и тоа е факт од кој нема бегање.

Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Јас во неколку наврати усно преку Координативното тело на МВР, но и писмено побарав навремено, неселективно, целосно и соодветно спроведување на одлуките на владата. Заштитата на здравјето, не е политика. Тоа е оперативно постапување на полицијата што е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира.

Граѓаните се свесни дека зад олабавувањето на мерките за ограничување на движењето се крие само желбата на владејачката партија за што побрзи избори, а здравјето на граѓаните е во втор план и за ова во неколку наврати укажав во јавноста, но и на седниците на владата.

Фактот дека Министерството за внатрешни работи секојдневно почна да открива криминал во кој се вмешани функционери на владејачката партија веројатно е причината за нервозата во нивните редови. Меѓудругото, јавноста треба да знае и за секојдневните навреди, но и закани по мојот живот на кои сум изложен, а кои дополнително сведочат за ниското ниво на политичка култура, но и за паниката која е присутна кај нив. Граѓаните треба да знаат дека ниту една политичка изјава нема да ме поколеба во мојата намера да го заштитам здравјето и животот на граѓаните, но и да останам посветен во неслективна борба против корупцијата и криминалот.

За мене се најважни граѓаните и нивното мислење и понатаму ќе преземам се што е неопходно за заштита на нивното здравје и здравјето на целата нација. Денешните изјави се само политички и истите преставуваат непринципиелен притисок врз моето работење“, напиша Чулев на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Чулев: Сериозни злоупотреби од власта на СДС и ДУИ во безбедносно – разузнавачкиот систем

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

(ВИДЕО) Чулев: Граѓаните чекаат за документи во нехумани услови, Спасовски на товар на граѓаните прави екскурзии низ САД

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците