(ВИДЕО) Чулев од Струмица: Полицијата најстрого да ги санкционира сите прекршители на изборниот процес

Од:

Моето присуство во СВР-Струмица е, пред се, да им укажам на колегите да ги преземат сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности, но и најстрого да ги санкционираат сите прекршители, односно оние граѓани кои ќе се инволвираат во било какви ситуации на поткуп, закани, уцени или било какви изборни нерегуларности, со што ќе го нарушат избирачкиот процес и во крајна линија ќе има негативен меѓународен мониторинг, порача денес министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев при посетата на СВР-Струмица.

Изјава, Турско Маало – Струмица 11.07.2020

❗ Во рамки на денешната посета на СВР Струмица го посетив малото каде што живеат етнички Tурци. Ги поздравив со зборовите Iyi Gunler. Hepsine cok selamlar diyorum. Cok memnum ki sizinle beraber burdayim. ? Ми беше чест да го посетам овој дел од градот, но и од таму испратив порака дека граѓаните не треба да подлегнуваат на било какви притисоци и ги охрабрив да иззлезат да гласат, а со тоа да ја обезбедат својата иднина. ?️ Упатив порака до сите граѓани кои ќе бидат предмет на поткуп, закани и уцени истите да ги прiјават во Министерството за внатрешни работи, казните за кривичните дела поврзани со изборите се ригорозни и се движат од шест месеци до 10 години. ✅ Важно е граѓаните да знаат дека Министерството за внатрешни работи со зголемен број на полициски припадници ќе ги покрива критичните региони и со тоа ќе обезбедиме фер, мирни и демократски избори.

Posted by Наќе Чулев on Сабота, 11 јули 2020

Инфомираше дека посебно дал задолженија да се информираат сите полициски службеници да не подлегнуваат на било какви политички притисоци, односно партиски притисоци и притисоци од бизнис структури, туку да си ги извршат полициските задолженија согласно прифесионализмот и чесноста.

Од раководството на СВР-Струмица бил информиран дека се преземаат сите мерки и активности, а плановите биле направени и се усогласени меѓу началникот и дополнителниот заменик началник и се испратени до главниот оперативен штаб.

-Истовремно ја користам оваа прилика да упатам порака до граѓаните во Струмица, но и на целата територија на Македонија, да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури.Истовремено да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите, да не подлегнуваат евентуално на притисоци од полициски службеници, кои ќе бидат инволвирани во изборни нерегуларности. Избирачкото право да да си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција, за која што сметат дека најмногу би ги задоволила нивните барања и сите оние неругуларности, притисоци, закани и уцени доколку им се вршат да ги пријават до МВР со цел најстрого санкционирање. Им укажав и на полициските службеници и на граѓаните им укажувам дека казните предвидени во Кривичниот законик за кривично дело поврзано со изборни нерегуларности е многу висока и таа е до десет години, додаде министерот Чулев.

На новинарско прашање за случајот во Штип со откриените лични документи на граѓани во продавница во Штип и за коментар на изјавата на дополнителната заменичка министерка, Славјанка Петровска, која рече дека не станува збор за изборен поткуп, министерот Чулев рече случајот го работи Ојо Штип.

-Се работи за случај кој се работи со ОЈО. Значи, пријавата до ОЈО-Штип е потпишана и од началникот и од дополнителниот заменик началник и согласно сознанијата кои што се наведени во пријавата, односно во документот доставен до обвинителството, е точно наведено дека се работи за изборен поткуп. Впрочем, истргата ќе го покаже и ќе го докаже тоа. Во моментот се собрани материјални докази во смисла на сите биометриски и други документи и исто така има и листа на граѓани каде што се заведени кој колку должи. Во тек се разговори со сите оние граѓани на кои им се одземени личните документи и тие во изјавата ќе си дадат и ќе укажат за што точно се работи, односно да го потврдат она за кое се работи. Во моментот сите оперативни сознанија и добиени материјални докази укажуваат дека се работи за поткуп, а во однос на изјавата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска немам коментар. Мислам дека е политички мотивирано, таа е кандидат за пратеник на изборна листа, одговори министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес