Чулев од Кавадарци: Изборни нерегуларности најстрого ќе се санкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Од:

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка партија доаѓаат. Да се стави акцент пред се на изработка на оперативни планови за спречување на поткуп, закани и уцени кон гласачите, при нивното остварување на уставно загарантирано право на гласање, нагласи министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при денешната работна посета на СВР Велес и ОВР Кавадарци.

Тој во изјава за новинарите рече дека од страна на колегите бил информиран дека има тенденција на намалување на класичниот криминалитет, што е за пофалба.

-Главна тема на дискусијата беше организирање на мирни, безбедни, фер и демократски избори. Беа дискутирани плановите за организирање на изборите. Бев информиран дека се преземаат сите оперативни активности и ќе бидат покриени сите избирачки места со доволен број на полицајци. Побарани се исто така дополнително полициски службеници од Министерството, заради недоволен број на ова подрачје. Ние како Министерство ќе им излеземе во пресрет, рече Чулев.

Посочи дека немало проблем во поглед на материјално-техничките средства, ниту со личната заштита.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он