Чулев контра Спасовски: Преку возилата сакате да го проблематизирате одржувањето на изборите

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, смета дека Оливер Спасовски низ, како што вели, премерска „величина“, се обидува да ги сокрие хаосот и безредието што ги оставил зад себе. Чулев наспроти Спасовски, вели дека е важно кој какви службени автомобили користи, бидејќи, според него, тие се несоодветно и непрофесионално распоредени. Министерот смета дека со автомобилите се прави обид за проблематизирање на изборите и нивното одржување, што, пак, вели дека нема да го дозволи.

„Зад целата прашина околу овој случај се надзира потребата да се проблематизираат изборите и нивното одржување, нешто што јас нема да го дозволам со сиот мој капацитет и капацитетот на институцијата со која раководам. Важно е каде се возилата господине Спасовски бидејќи изминативе 3 години блиските на вашите подредени се возеа во полициски автомобили, се кријат оштетени автомобили, инспектори беа во друштво на криминогени и сомнителни лица, а сега сакате со нив да осигурате повторување на истите работи од минатите изборни циклуси“, пишува Чулев на социјалните мрежи.

Министерот посочи дека последниот министерски ден на Спасовски, пред да биде избран за технички премиер направил прераспределба на возилата од кабинетот на МВР во други институции.

„За кој систем на кариера сте се залагале кога омилена алатка за распоредување и унапредување ви биле наредбите? Очигледно за Вас правилата не значат ништо. За граѓаните клучно е да знаат дали функционерите прават злоупотреби, или ќе продолжиме да ги слушаме истите демагогии како до сега. Безбедноста на граѓаните треба да е најважна, МВР за тоа постои и така ќе работи додека ја сум прв човек на оваа институција“, додава Чулев.

 

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он