Чулев: Ќе сменам осум шефови во МВР

Од:

Осум сектори за внатрешни работи ќе бидат подложни на промена, најави техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој во интервју за МРТВ рече дека промените веќе се издиференцирани со техничкиот премиер Оливер Спасовски, и очекува во текот на денешниот ден да помине новата систематизација на Влада.

„Јас имам право само на 15 промени. Оние 15 места што ќе бидат подложни на промена се осумте сектори за внатрешни работи – Скопје, Куманово, Велес, Тетово, Битола, Штип, Охрид и Струмица, Одделението за внатрешни работи во Прилеп со оглед на големината и бројот на население, тоа е Одделот за справување на организиран криминал и сериозен криминал, Единицата за интервентна полиција, Одделот за специјални полициски операции, Единицата за специјални задачи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за информатика и телекомуникации. Во консултации со дел од колегите од МВР селектирани се лица кои се со долгогодишно стручно искуство во проблематиката што ќе ја покриваат, кои се професионалци и луѓе со чест и интегритет. Да ви кажам дека за имињата дополнително ќе ве информирам заради тоа што уште се вршат завршни консултации и проверки“, рече Чулев.

Во јавноста веќе беше објавено дека досегашниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски, ќе го наследи вишиот полициски советник Ристо Ставревски. Со Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал ќе управува Александар Јанев,  началник на интервентна единица СВР Скопје ќе биде Васко Наумовски, а со СВР Струмица ќе управува Васко Тодоров.

Тој вели дека ќе се постапува и по истраги што се уште не се завршени и во наредниот период ќе бидат процесуирани до надлежните правосудни органи.

Во однос на претстојните избори и дали има точки на кои им е потребно повеќе внимание, Чулев вели дека како Министерство ги мапирале критичните точки и за денот на избори, а и пред тоа ќе бидат распоредени дополнителни полициски сили со цел спречување на каков било начин да се наруши избирачкото право на граѓаните или да се изврши корумпирање на гласачкото тело.

„Ја користам оваа прилика исто така да упатам силна порака до сите оние поединци или криминални групи во земјата и во странство надоврзани на политички гарнитури дека ниту еден политичар нема да им биде гаранција да се спасат од кривичен прогон и процесуирање до правосудните органи доколку на кој било начин или со кој било средства се обидат да го нарушат избирачкото право на граѓаните или да го нарушат избирачкиот процес“, вели тој.

Би можело да ве интересира

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ

Приведена тетовка барана со потерница